Кание Вест има нова песна. Раперот пее за разводот од Ким Кардашијан, а го споменува и нејзиниот нов дечко Пит Дејвидсон.
„Бог ме спаси од тој судар, само да можам да го победам Пит Дејвидон“, пее тој, а ја споменува и сообраќајката од 2002 година во која за малку ќе загинеше.
Во песната Кание пее и за неговите 4 деца. За потсетување, тој ја обвини Ким пред неколку дена дека нејзиното обезбедување не му дозволило да си ги види децата во неговиот дом.
Кание во песната спомнува дека тој може да ги види околу 5 часа во текот на денот. Во новата песна ги споменува и Ким и неговата нова девојка Џулија Фокс.
„Имаме најдобар развод, ако идеме на суд, заедно ќе идеме на суд. Донеси ја и твојата сестра, ќе идеме заедно кај Курт“, им порача Кание на сестрите Кардашијан.