Американскиот претседател Џо Бајден во понеделникот бил снимен како го пцуе Стив Доси, новинарот на „Фокс њуз“, кога овој му постави прашање за влијанието на растечката инфлација на годинашните избори за Конгресот.
Додека новинарите излегуваа од состанокот на Бајден, дописникот на „Фокс њуз“ праша дали може да постави прашање за инфлацијата и дали Бајден смета дека треба да преземе некаква политичка одговорност.
„Тоа е голема предност, голема инфлација“, беше саркастичен Бајден не забележувајќи дека микрофонот му беше сѐ уште вклучен и дека можеа да го чујат сите. Тој потоа го опцу Питер нарекувајќи го глупав кучкин син.
Presenting the President of the United State of America Joe Biden who earlier today was heard calling journalist Steve Doocy a “stupid son of a bitch” after he questioned POTUS about inflation. Biden of course thought microphone was off. pic.twitter.com/AoSsCdss7k
— Aditya Raj Kaul (@AdityaRajKaul) January 24, 2022