Во Крушево денеска беше одбележан 41. роденден на Тоше Проески. Во негова чест денеска во спомен-куќата „Тодор Проеки“ на Гумење беше организирана и крводарителска акција со доделување хуманитарни ваучери и со сценско-музички настан со наслов „Ангел си ти“.
Се даруваше крв и во Скопје, во Домот на АРМ, каде што Црвениот крст на Град Скопје, заедно со Црвениот крст на Македонија и Општина Гази Баба, осумнаесетти пат ја организира традиционалната акција во спомен на Тоше, кој и самиот беше крводарител.
АД „Пошта на Македонија“ по повод роденденот на Тоше почна и акција преку која може да се купи поштенска марка посветена на музичката ѕвезда.
За потетување, Тоше загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Велика Градишка во Хрватска.