Радио „Бубамара“ организира збогување со Аки Рахимовски на плоштад Македонија

Утре на плоштад Македонија, радио „Бубамара“ ќе организира настан во чест на Ахи Ракимовски. Скопјани ќе имаат можност да го испратат фронтменот на „Парни ваљак“, кој ненадејно почина во саботата на 66 годишна возраст.

Од радио „Бубамара“ велат дека поради епидемиолошките ограничувања, настанот ќе се одржи на Градскиот плоштад со почеток од 18 часот. Кај тревникот пред „Пелистер“ ќе биде отворена и книга на жалост, а ќе се лушаат и неговите песни.

Хорови, пејачи и пријатели заеднички ќе отпеат некои од најголемите хитови на „Парни ваљак“. Настанот е во организација на радио „Бубамара“, со поддршка од „КЛС саунд“ и Град Скопје.

На плоштадот ќе ја слушнеме и песната Ако згрешам, нека изгорам на Пепи Бафтировски, која Аки во клавирска придружба ја сними пред пет години во студиото на „Тавитјан брадерс“. Тоа е последната снимка што ја направил во Скопје“, велат од радио „Бубамара.

Александар Аки Рахимовски е роден на 5 јуни 1955 година во Ниш, но набрзо со семејството се преселил во Скопје. Бидејќи неговиот татко бил професор по музика, на седумгодишна возраст започнал музичко училиште, клавир и отсек за пеење.

Како тинејџер членувал во неколку бендови, од кои некои се групата Вакуум, Крвни брадерс и Тор, со кои настапувал на фестивалот во Загреб во 1975 година. Истата година се запознава со гитаристот и композитор Хусеин Хасанефендиќ Хуса и Јурица Паѓен. Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек Миха ја основаа првата постава на Парни ваљак.

Иако последните години живееше во Словенија со својата невенчана сопруга Барбара, Аки Рахимовски ќе биде погребан утре во Загреб.

Фото:С.Хузјак

Scroll to Top