Српската пејачка Теа Таировиќ на настап во Благоевград го смени текстот на песната „Македонско девојче“ и пееше „нема поубаво девојче од Бугарче“. Ова се случува само еден месец откако таа за Нова година настапи во познат клуб во Скопје.
„Пак рокајте ја Теа Таировиќ, само не заборавајте да ја плукнете во фаца следен пат кога ќе дојде во Македонија“, стои во видеото што е објавено на Твитер.
И коментарите на социјалните мрежи се слични, а реакциите одат до таму што некои велат дека треба да ѝ се забрани влез во Македонија.
„Се наполни со пари во Скопје за празниците, ја пречекуваат во цела Македонија како ѕвезда, а таа сега провоцира од Бугарија“, коментираат на социјалните мрежи.
За потсетување, српската пејачка која се прослави со песната „Ајде“, изминативе месеци често настапува во Македонија. Таа објавува и видеа од парите што го добива кога го пее својот најголем , па многумина ја нарекоа кралица на бакшишот.
Пак рокајте ја теа теирович ссмо не заборавајте да ја плукнете во фацс следен пат кога ќе дојде во Македонија.
Смрдла гнасна. pic.twitter.com/1YgdF0ZztT— Петар (@PetarZz) January 30, 2022