Ериксен повторно ќе игра фудбал осум месеци откако доживеа срцев удар

Данскиот репрезентативец Криситјан Ериксен повторно ќе игра фудбал осум месеци откако доживеа срцев удар на Европското првенство во Англија.

Тој потпиша шестмесечн договор со англискиот премиерлигаш Брентфорд, откако претходно не му беше дозволено да игра во Италија во тимот на Интер.

Дваесет и деветгодишниот фудбалер ја освои шампионската титула со нероаѕурите минатата сезона, но прифати да го раскине договорот во декември бидејќи во Серија А не е дозволено да играат фудбалери кои имаат ИЦД. Во Англија не постои такво ограничување.

За потсетување, на Ериксен му беше вграден кардиовертер дефибрилатор (ИЦД), еден посебен вид на пејсмејкер, откако на Европското во јуни минатата година доживеа срцев удар.
Откако го напушти Интер, Ериксен тренираше со својот бивш клуб Оденсе и кажа дека сака да ја обнови кариерата со цел да игра на Светското првенство во Катар. Тој помина седум сезони во Тотенхем, пред да дојде во Интер во 2020.
 „Сонувам да се вратам во репрезентацијата и да докажам дека тоа што се случи веќе нема да се повтори. Сакам да докажам дека сум го надминал тоа и дека можам повторно да играм за националниот тим“, рече Ериксен.

И тренерот на Брентфорд, Томас Франк рече дека со доаѓањето на Ериксен, тимот обезбедил фудбалер од прва класа.

„Ја искористивме шансата да доведеме првокласен фудбалер во Брентфорд“, рече Франк.

Откако го напушти Интер, Ериксен тренираше со својот бивш клуб Оденсе и кажа дека сака да ја обнови кариерата со цел да игра на Светското првенство во Катар. Тој помина седум сезони во Тотенхем, пред да дојде во Интер во 2020.

„Сонувам да се вратам во репрезентацијата и да докажам дека тоа што се случи веќе нема да се повтори. Сакам да докажам дека сум го надминал тоа и дека можам повторно да играм за националниот тим“, изјави Ериксен.

Scroll to Top