Хрватскиот пејач Златан Стипишиќ Џибони ќе настапи на поледниот концерт на „Парни Ваљак“ во чест на Аки Рахимовски. Рок бендот кој претходно имаше закажано турнеја низ цел Балкан, истата ја откажаа поради загубата на Аки.
Сега најавија дека ќе одржат концерт во чест на Рахимовски насловен „„Ваљак и пријателите: на нашиот Аки“ кој ќе се одржи во Арената Загреб на 26 март 2022 година.
За потсетување Аки почина на 22 јануари во болница во Ново Место. Тој беше погребан во Алејата на великаните на загрепските гробишта „Мирогој“.