Грчки фудбалер починал на теренот откако итната помош доцнела 20 минути

Фудбалерот на грчкиот тим Јуполи, Александрос Лампис почина на 21 годишна возраст. Тој починал откако колабирал на теренот уште во петтата минута од натпреварот против Енормијада, а итната помош доцнела 20 минути, пренесуваат гречките медиуми.

Лекарите се обиделе да го спасат со дефибрилатор, но безупешно.

 

„Наш Алеко, наш брат и пријател. Замина така неправедно. Целиот тим и целиот град денеска тагуваат. Нема вистински зборови, само неподнослива болка и кнедла во грлото. Среќен пат во вечноста, Алекара“, напишаа од неговиот клуб на социјалните мрежи.

Scroll to Top