По заминувањето од Вардар, Веселин Вујовиќ првпат ќе води женски клуб

Црногорски стратег и тренер Веселин Вујовиќ, кој си замина од Вардар пред вториот дел од сезоната, првпат во кариерата ќе води женски ракометен клуб, тврдат хрватските медиуми. Според нив, тој постигнал договор со Подравка Вегета, шампионот во женска конкуренција во Хрватска.

Според најавите, тој би трабало да потпише договор до крајот на сезоната. Целта на тимот е повторно освојување на домашното првенство, како и избегнување на последното место во А групата од Лигата на шампионите.

За потсетување, Вујовиќ се врати во Вардар на почетокот на сезоната се врати во Вардар, но доби отказ поради слабите резултати посебно во Лигата на шампионите. По десетте одиграни натпревари во А групата, Вардар се најде на претпоследната позиција па што раководство одлучи да го замени со новиот тренер Давид Дејвис.

Scroll to Top