ОВЕН
Чувајте се од злонамерни луѓе од најблиското опкружување. Можеби постои некој кој сака да го види вашиот неуспех. Личноста која ви се допаѓа ќе покаже симпатии кон вас. Проблеми предизвикани од стрес.
БИК
Ова не е премногу поволен ден за вашата работа. Можеби ќе имате некоја помала штета која ќе ве оптовари. Подготвени сте да поминете некои убави моменти со саканата личност и да ѝ се посветите. Чести главоболки.
БЛИЗНАЦИ
На работно поле следува подобрување. Може да очекувате дека ќе ги остварите целите кои сте си ги поставиле во претходниот период. Помали проблеми со ‘рбетот.
РАК
Ќе имате проблеми во комуникацијата со работното опкружување. Пред вас е поволен ден кој може да ви донесе нови познанства. Посветете се малку повеќе на социјалниот живот. Здравјето е во ред.
ЛАВ
Финансиите ви се многу променливи. Не ви е лесно да остварите стабилна состојба на ова поле, а тоа ве оптоварува. Ве очекува интересен флерт кој може да води до сериозна врска. Генерално се чувствувате добро.
ДЕВИЦА
Очекувајте можност на работното место за пробивање и остварување подобра репутација. Љубовното поле ви е многу променливо и не ви е лесно да донесете некои одлуки.
ВАГА
Ова не е премногу поволен ден, па може да очекувате помали компликации и проблеми. Следува интересна комуникација со симпатијата. Постепено ќе се зближувате сѐ повеќе. Можна е вртоглавица.
ШКОРПИЈА
Ако сте одлучиле да ја менувате работата, сега ќе добиете и можност за тоа. Пред вас е поволен период за промени. Ве очекува задоволство и на љубовно поле. Одлично се чувствувате денес.
СТРЕЛЕЦ
Доколку се занимавате со приватен бизнис, ќе успеете да решите некои проблеми. Денешниот ден ви е поволен и за почеток на нова работа. На емотивно поле, можни се помали проблеми со патнерот. Стабилно здравје.
ЈАРЕЦ
Ќе имате многу среќа денес. Ве очекува фаза во која сѐ ќе се одвива онака како што сакате. Новата љубов која доаѓа може да ви донесе вистинска радост и олеснување. Се појавува личност по ваша мера. Проверете го притисокот.
ВОДОЛИЈА
На деловно поле владеат позитивни промени. Може да очекувате дека сѐ ќе биде во ред. Владее заемно почитување и доверба во односот со партнерот. Убаво сте расположени. Внимавајте на исхраната поради вишокот килограми.
РИБИ
На работно поле ве очекуваат проблеми кои не сте ги решиле во минатото. Време е да преземете одговорност. Ново познанство може да ја разбуди во вас мотивацијата и желбата за промени во животот. Внимавајте на синусите.