Кание ја нападна Ким, ме обвини дека сум нарачал некој да ја убие

Кание Вест јавно ја нападна Ким Кардашијан велејќи дека таа е таа која го обвинила дека тој нарачал нејзино убиство и дека го го нарекла зависник и крадец.

„Ким ме обвини дека сум нарачал некој да ја убие. Тоа се тешки обвинувања и не може така таа да се подигрува. Ме обвини и дека се дрогирам и дека сум крадец“, напиша Кание на „Инстаграм“.

Американскиот рапер тврди дека неговата поранешна сопруга е таа која не му дозволува ни да си ги види децата и дека едвај ја убедил да дозволи да присуствува на роденденот на малата Чикаго, која неодамна го прослави 4. роденден.

Тој рече и дека Ким објавувала видеа со неговата ќерка Норт на Тик-ток, иако тоа било против неговата волја.

Кание и Ким веќе некое време се расправаат преку социјалните мрежи. Двајцата имаат многу обожаватели и многумина сметаат дека не е во ред на овој начин да ги решаваат семејните проблеми. Една од нив е и новата девојка Џулија Фокс.

„Јулија исто така мина низ тежок развод и разбира колку им е тешко, особено кога се во прашање децата. Таа само сака и двајцата да ги решат сите проблеми“, рече извор близок до Џулија.

Scroll to Top