Лили Еберт (86) одлучи да се приклучи на социјалната мрежа „Тик-ток“ за да го сподели своето животно искуство како лице кое успеало да го преживее холокаустот. Таа за кратко време стана ѕвезда и доби над 1,7 милион следбеници.
„Не бев сигурна дали воопшто ќе преживеам. Вистинско чудо е што преживеав, но си ветив себеси дека што и да правам во животот и каде и да бидам, едно е сигурно, ќе зборувам за моето искуство додека сум жива“, изјави Лили.
Таа е родена во Унгарија, а ја однеле во концентрациониот логор „Аушвиц“ кога имала 20 години. Целото нејзино семејство таму починало, а од нив ѝ останале само неколку фотографии.
„Она што таму се случуваше не можевме да го замислиме ниту во најлошите кошмари“, изјави таа.
@lilyebert ♬ Schindler’s List – Movie Theme – Michele Garruti
Лили отсекогаш имала желба светот да ја чуе нејзината приказна, па нејзиниот 18-годишен правнук ѝ помогнал да го направи тоа преку „Тик-ток“ во 2020 година. Видеото во кое таа ја покажува тетоважата со идентификацискиот број било прегледано од над 21 милион луѓе.
„Мојот број беше А-10572. Тоа бев јас. Повеќе не бевме луѓе, бевме броеви и како такви нѐ третираа“, раскажа Лили.
@lilyebert Pregnant women in Auschwitz 💔🥺 #holocaustsurvivor #learnontiktok #heartbraking #97yearold #greatgrandma #neverforget #strongwoman #hungarian #germany #jew #jewish #oldperson #important #sostrong ♬ Schindler’s List – Movie Theme – Michele Garruti
Во едно од најгледаните видеа, таа раскажува и вознемирувачка приказна за трудниците во кампот, кои, како што вели, убивале неродени деца за да спречат експерименти врз нивните бебиња.
Таа додаде дека повеќето жени во кампот целосно престанале да имаат менструација.
„Храната не беше храна, спиењето не беше сон. Ништо не беше нормално, нашите тела беа толку слаби што не можевме ни да добиеме менструација“, рече таа.
Во друго видео, корисник на мрежата ја праша Лили која е првата работа што ја направила откако била ослободена.
„Легнав на под и заспав. Бев многу гладна, но повеќе бев уморна бидејќи таму беше невозможно да се спие“, одговори таа.
Таа додаде дека вечерата во логорот се состоела само од едно парче леб.