По прележување на короната и внесувањето многу лекови, неопходно е природно да го исчистите организмот од токсините. Детоксикацијата ќе ви помогне да го зајакнете организмот, а според експертите, белите дробови и црниот дроб најлесно ќе ги исчистите со три природни препарати и производи.
Ѓумбир
Богат е со витамини Ц и Б, магнезиум, бакар, манган и други минерали, па затоа овој егзотичен зачин помага во детоксикацијата на организмот. Неговите ензими помагаат во отстранување на собраните токсини во црниот дроб. Исто така, докажано е дека ѓумбирот поволно влијае на оштетениот црн дроб затоа што ја намалува отпорноста на инсулинот и може да спречи воспаленија. Ѓумбирот ја стимулира и циркулацијата во крвта.
Куркума
Куркумата има моќно антиоксидантско својство, но и антибактериско, антивирусно и антиканцерогено. Помага за полесно разградување на маснотиите во организмот. Досегашни студии покажале дека куркумата помага и во отстранување на притисокот од белите дробови, кој настанува како резултат на долгогодишно пушење цигари, намалувајќи го ризикот од канцер на белите дробови.
Лук
Благодарение на богатството на алицин и селен, лукот поттикнува произведување важни ензими за црниот дроб, кои придонесуваат во елиминацијата на токсини во организмот. Овој производ влијае и противвоспалително, па помага при астма, а воедно го намалува ризикот од појава на канцер на белите дробови. Освен тоа, употребата на лукот го намалува развојот на кардиоваскуларни заболувања, како што се зголемен холестерол, лош холестерол, спречува настанување тромб итн.