Ана Цветановска 95. на 10 километри крос кантри, норвежанката Јохауг го освои првото место

Македонската репрезентативка Ана Цветановска учествуваше во драматичната трка на 10 километри крос кантри. Таа во конкуренција на 98 натпреварувачки, го освои 95. место. Трката ја заврши со време 39.57,4 минути, а од победничката Тереза Јохауг од Норвешка имаше послаб резултат за 11.51,4 минути.

Траката на 10 километри донесе драматичен расплет. Јохауг победи со време 28.06,3 минути. Зад неа, пак, за само четири десетинки заврши Керту Нисканен од Финска. Додека бронзата ѝ припадна на сонародничката на Нисканен, Криста Пармаковски, која зад победничката Јохауг задоцни за 31,5 секунди. Четвртото место ѝ припадна на Јулија Непријаева од Русија, беше побавна само една десетинка.

Scroll to Top