Славниот режисер Квентин Тарантино (58) и неговата сопруга Даниела вторпат ќе станат родители. Тие во февруари 2020 го добија своето прво дете, синот Лео.
Тарантино и неговата 20 години помлада сопруга, израелската пејачка и топ-модел Даниела Пик, се запознаа 2009 година кога режисерот го промовираше својот филм „Неславни копилиња“ во Израел. Парот се сврши во јуни 2017 година, а се венчаа следната година во ноември во Лос Анџелес .Тарантино со семејството сега живее во Тел Авив, Израел, а Лео учи да зборува и англиски и хебрејски јазик.
Во интервју со Џими Кимел лани, Тарантино објасни дека синот го крстил Лео по дедото на Даниела, а не по Леонардо ди Каприо, со кого режисерот соработуваше на филмовите „Џанго незауздан“ и „Си беше еднаш во Холивуд“.