Актерот Колин Фарел од почетокот на филмската кариера го носи епитетот лошото момче на Холивуд. Има 45 години, но и понатаму важи за еден од милениците на женската публика. За него се вели дека е меѓу најзгодните мажи и дека со годините станува уште попривлечен. И покрај тоа што постојано е во центарот на вниманието поради скандалите или филмските улоги, глумецот се обидува приватниот живот да го чува за себе.
Сепак, за Фарел се знае дека уште како дете бил вљубен во Мерилин Монро, долго време имал проблем со пороците и дека двапати бил на рехабилитација.
Се оженил само еднаш, со Амелија Ворнер, која во моментот е во брак со Џејми Дорнан, глумецот најпознат по улогата на Кристијан Греј во „Педесет нијанси сиво“. Бракот им траел 4 месеци. Кога се венчале, тој имал 25, а Амелија 19 години. Долго потоа, запрашаа за бракот со Колин, Амелија рекла дека тие имале церемонија на Тахити, што не била легална, и според неа никогаш не биле законски во брак.
Фарел има два сина од две врски. Од врската со манекенката Ким Борденeјв во 2003 година го доби Џејмс Фарел (18), кој страда од Ангелманов синдром, генетско нарушување што се карактеризира со заостанување во развојот и недостиг на говор. Во 2009 година од врската со полската глумица Алиција Бахледа Цуруш го доби вториот син Хенри. Тие се разделиле во 2010 година, но заедно се грижат за детето.
Глумецот беше во врска со Бритни Спирс, Анџелина Џоли и Деми Mур. Пред смртта на Елизабет Тејлор во 2011 година, холивудската легенда и глумецот биле многу блиски, Колин во една пригода рекол дека имал романтична врска со 40 години повозрасната актерка. За него медиумите на шега пишуваат дека ѝ бил осмиот сопруг на славната глумица.
Неговата поранешна девојка Никол Нараин во 2006 објавила 14-минутно секс-видео што било направено 3 години пред тоа. Фарел ја тужел поранешната плејбој-зајачица со образложение дека се обидела да заработи од видеото.
Кога бил тинејџер, Колин од Ирска заминал на патување низ Австралија и таму по грешка бил уапсен за убиство. Подоцна се покажало дека полицискиот фоторобот за мажот што го барале многу личел на Фарел. Колин вели дека во моментот кога бил уапсен, не бил во свесна состојба затоа што бил пијан и зел наркотици. Полицијата му дозволила да си замине дури кога неговиот пријател дал исказ дека биле заедно претходната ноќ.
Кога во 90-тите години кога се формирал популарниот ирски бенд „Бојзон“, Колин бил повикан на аудиција како пејач. Продуцентите го одбиле затоа што неговото пеење било многу лошо, а тој призна дека присутните го натерале да пее пак само за да се насмеат.
Колин Фарел во својата кариера неколкупати одбивал улоги, меѓу кои и улогата во филмот „Колатерална штета“ со Арнолд Шварценегер, а не сакал да го глуми ни Џејмс Бонд по повлекувањето на Пирс Броснан.
По снимањето на филмот „Пороците на Мајами“ во 2006 година, Колин сам се пријавил на рехабилитација за да ги победи зависностите од дрога и алкохол. По ова, призна дека бил зависен од алкохол и опојни супстанции од 14 години. Никогаш потоа не им се вратил на пороците. Но, во 2018 година повторно сам се пријавил на рехабилитација затоа што се плашел дека поради големиот број обврски, постои опасност повторно да им се врати на старите лоши навики. Денес, живее здрав живот, постојано вежба, а папараците често го фотографираат додека трча на улиците во Лос Анџелес.