Три лица застрелани на забава на Џастин Бибер во ресторан во Лос Анџелес

Три лица биле застрелани на забава која Џастин Бибер ја организирал во еден реторан во Лос Анџелес по одржувањето на Супербоул. Бибер со сопругата Хејли се снимени како излегуваат од ресторанот, откако претходно настанала тепачка, а потоа и пукање.

До пукотниците дошло по една вербална расправија меѓу еден неидентифукван маж и уште двајца гости. Медиумите пишуваат дека раперите Кодак Блек (24), Лил Бејби (27) и Гуна (28) ја напуштале забавата кога избила тепачката со нивни пријатели кои дошле со црвено Ферари.

19 годишното момче и 60 годишниот маж биле одма пренесени во болница, додека третата жртва прво го напуштила местото на злосторот, а потоа била пренесена во болница. Нивните имиња засега не се објавени, а медиумите пишуваат дека се во стабилна состојба.

Едниот бил погоден во задникот, а за другиот кој сакал само автограм бил погоден во стапалото. Полицијата потврди дека напаѓачите сè сеуште во бегство, а имињата на осомничените не се објавени затоа што истрагата сè уште е во тек.

На листата на гости наводно биле и Леонардо ди Каприо, Тоби Мегвајер, Кендал Џенер, Дрејк и Клои Кардашијан.

 

Scroll to Top