Српскиот глумец Лазар Ристовски и неговата сопруга Даница се разведуваат по 42 години брак. Веста за медиумите ја потврдил и славниот актер.
„Не се разведуваме поради некоја друга жена или некој друг маж“, рекол Ристовски.
Љубовната приказна меѓу Даница и Лазар почнала уште во студентските денови. Се венчале во 1980 година, а во бракот добија два сина – Петар, кој е филмски продуцент и режисер, и Јован, кој е економист. Постариот син е оженет со актерката Теодора Ристовски, а од помладиот син Јован глумецот минатиот септември доби внук.