Иако се колнат на вечна љубов, среќниот живот за некои парови понекогаш трае само неколку дена. Некои од најкратките бракови во свето на џет-сетот се оние на Бритни Спирс, Памела Андресон, Ким Кардашијан.
Памела Андерсон и Рик Соломон
Памела и Рик првпат се венчаа на 6 октомври 2007 година во Лас Вегас, а се разведоа по 68 дена. Сепак, парот се смируваше и се разделуваше многупати следните години и повторно се венчаа во јануари 2014 година. Се разведоа по 173 дена.
Ким Кардашијан и Крис Хамфрис
Поранешната американска кошаркарска ѕвезда ѝ беше втор сопруг на ријалити ѕвездата Ким Карашијан. Раскошната телевизиска венчавка се одржа во август 2011 година, а нивниот брак заврши за 72 дена.
Дру Баримор и Џереми Томас
Во 1994 година, 19-годишната Дру се омажи за 32-годишниот Џереми. Глумицата поднесе барање за развод 39 дена подоцна.
Еди Марфи и Трејси Едмундс
Двојката се венча на скромна свеченост на островот Бора Бора. Само три дена по венчавката, двајцата го напуштија островот одделно. По 14 дена официјално се разведоа.
Кармен Електра и Денис Родман
Денис Родман успеа да го собори својот личен рекорд од претходниот брак, кој траеше 82 дена. Нешто повеќе од една седмица заеднички живот, НБА-кошаркарот поднел барање за развод, а причината, официјално е дека бил пијан кога се венчал со Кармен.
Бритни Спирс и Џејсон Александар
Во јануари 2004 година, американската пејачка се омажи за нејзината љубов од детството – Џејсон Александар, во Лас Вегас. Нивниот брак траеше нешто повеќе од два дена – 55 часа.