На 80-годишна возраст почина поранешниот боксерскиот шампион Џузепе Бепи Рос, поради омпликации од Ковид-19. Тој го освои бронзениот олимписки медал во Токио во 1964 година, а истата година ја освои својата прва титула на италијански шампион.
Пред шест дена од Ковид почина и неговиот брат Ернесто, поранешен италијански шампион во супервелтер категорија.
⚫️ A sei giorni dalla morte del fratello Ernesto, è mancato anche la medaglia olimpica di boxe Giuseppe “Bepi” Ros, “La Roccia del Piave”.
Nato a Mareno (TV) e da anni titolare del Bar “Ai Casoni” di Susegana, viveva nel comune con la moglie Maria e le figlie Mary e Patrizia. pic.twitter.com/WMsneRCtFs— Luca Zaia (@zaiapresidente) February 17, 2022
Кога учествуваше на Олимписките игри, Џузепе сè уште беше аматер, а следната година стана професионалец. Се потврди како шампион на Италија во тешка категорија во 1970, 1971 и 1972 година. Се пензионираше во 1976 година.
Победи на 42 од 60 меча, од кои 24 со нокаут. Тој беше по потекло од Санта Марија ди Пиаве, а живееше во Сузегана, каде имаше ресторан со својата сопруга Марија. Неколку години се бореше со Алцхајмеровата болест, која го принуди да оди во инвалидска количка, а за која него се грижеше семејството.
Зад себе ги остави двете ќерки, Мери и Патриша.