Фолк-пејачот Маринко Роквиќ и неговата сопруга Славица се венчале во црква три месеци пред неговата смрт, откри во интервју синот Никола. Тие беа во брак 36 години. Тој кажа дека со ова на починатиот пејач му се исполнила најголемата желба во животот.
„Болеста е шанса човекот духовно да се зајакне и да се подготви за местото каде што треба да одиме сите еден ден. Татко ми си ја исполни желбата, три месеци пред да замине од овој свет тој и мајка му се венчаа во црква, се смири со сите луѓе. Медицината нема одговор за ракот на панкреас, но тој духовно се прероди. Бев изненаден од неговата храброст. Ако сме христијани, тогаш веруваме во вечен живот, па верувам дека тој се родил со заминувањето“, рекол Никола Роквиќ во интервјуто.
Маринко почина лани на 6 ноември од рак на панкреасот. Членовите на семејството не се одвојуваа од легендарниот пејач последните месеци, со надеж дека тој ќе ја победи болеста.