Симптоми на рак на дојката што можете да ги откриете сами

Грутките во ткивото на дојката се најчестиот симптом на рак на дојката, но постојат и некои други симптоми што може да ги забележите самите и да посетите лекар. Гинекологот Џесика Шеферд открива кои се симптомите поради кои треба да се прегледате.

Исцедок од брадавиците

Ако доите или сте бремени, исцедокот од градите веројатно не е причина за загриженост. Но, во секој друг случај треба да го проверите исцедокот кај лекар.

„Исцедокот од брадавиците, кој не е бистар, туку зеленикав, жолтеникав или крвав, исто така може да биде симптом на рак на дојката“, вели таа.

Иритација на кожата

Иако иритацијата на кожата може да се појави поради повеќе причини, во ретки случаи тоа може да биде симптом на рак на дојката.

„Кога ќе забележите необјаснето црвенило, оток, иритација на кожата, чешање или исип на градите кој е нов или трае подолго од очекуваното, консултирајте се со вашиот лекар“, додава д-р Џесика Шеферд.

Дамки

Темните дамки или невообичаените пеги на кожата не се само знак дека треба да посетите дерматолог, туку може да бидат и знак за ретка и поагресивна форма на рак на дојката, наречен воспалителен рак на дојката. Но, не треба да паничите веднаш бидејќи воспалителниот карцином на дојката е исклучително редок.

Црвени дамки или модринки

Други знаци на воспалителен рак на дојката може да вклучуваат црвени дамки или траги, како што се модринки на кожата. Ако се појават и траат повеќе од две до три недели, закажете преглед на лекар. Овој тип на рак е редок, а многу видови црвени дамки на кожата се целосно бенигни.

Вдлабнатини

Малото вдлабнување на градите што може да забележи при самопреглед е еден од знаците на тумор. Многу суптилни дупки што можете лесно да ги пропуштите бидејќи сите ние брзаме во животот секој ден и не ги забележуваме. Секое вдлабнување или повлекување на кожата на вашите гради треба да го провери лекар.

Промени во изгледот на брадавицата

Брадавиците обично не ја менуваат формата, големината или бојата, освен ако не сте бремени.

„Ако забележите какви било промени во изгледот на вашите брадавици, треба да се тестирате за рак на дојка. Тоа може да вклучи вовлекување или извртување на брадавицата. Чешањето и лупењето на кожата на брадавиците може да бидат знаци на Паџетовата болест на дојката, која е ретка форма на рак на дојка. Тоа обично влијае на брадавицата и на кожата околу неа. Може да се појави како лушпеста кожа на брадавиците и ареолите, па може да предизвика печење или трпнење“, вели д-р Шеферд.

Промена во текстурата на кожата

„Ракот на дојката понекогаш може да предизвика промена во текстурата на кожата на дојката“, вели д-р Шеферд. „Внимавајте на црвеникавата површина со испакнатини, слични на кора од портокал“.

Оток или осетливост

Отекувањето или осетливоста на градите е чест проблем кај жените за време на одредени делови од менструалниот циклус, па дури и може да биде знак за рана бременост. Ова е причината зошто жените често го игнорираат како предупредувачки знак за рак на дојката.

„Ако чувствувате дека едната дојка е особено зголемена или отечена, треба да посетите лекар“, советува д-р Шеферд. „Ако грутката е длабоко под површината, можеби нема да можете да ја почувствувате, но може да почувствувате оток“.

Промена на големината или обликот на градите

Зголемувањето на телесната тежина, промените во менструалниот циклус, бременоста или доењето може да влијаат на големината и обликот на вашите гради. Но, ако вашите гради ја менуваат формата без оглед на овие други фактори и ако тоа се случи одеднаш, тоа може да биде знак за рак и треба да закажете преглед со вашиот лекар. Ова може да се случи една недела пред менструацијата, затоа секогаш почекајте една недела потоа за да видите дали ќе помине само од себе.

Scroll to Top