Џиџи и Бела Хадид голи во новата реклама на Версаче

Сестрите Џиџи и Бела Хадид се соблекоа голи во новата реклама за „Версаче“. Но она што предизвика внимание е змијата обвиткана околу ногата на Бела, поради што многумина претпоставуваат дека инспирацијата за рекламата се првата жена Ева и познатата слика на Ботичели „Раѓањето на Венера“.

„Моите божици од Версаче“, напиша Донатела Версаче на сликата што ја објави на Инстаграм.

Фотографијата има речиси еден милион лајкови, но и поделени коментари. На едни им се допаѓа, а други велат дека е невкусно и вулгарно тоа што го прави првата жена на светскиот моден бренд.

„Версаче“ освен што направи нова кампања, одржа и модна ревија во Милано, каде што, повторно, ѕвезди на вечерта беа сестрите Хадид.

Scroll to Top