Елена на Гуте повторно е бремена: Отсекогаш сакавме големо семејство

Пејачите Елена Миленковска и Александар Гуте Маринковиќ вторпат ќе станат родители. Тие објавија слики од ултразвукот на бебето и открија дека Елена ќе се породи во септември.

„Отсекогаш сум сонувала за големо семејство, скромен дом исполнет со многу љубов. Затоа сум благодарна за овој дар. Вторпат ќе станеме родители, а Максим ќе добие брат или сестра. Бебе, едвај те чекаме“, напиша Елена и објави фотки на Инстаграм.

„Љубовта станува посилна. Бебе, се гледаме во септември“, додаде Гуте.

Пејачите кои се запознаа на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ се во брак две години. Тие во 2020 година го добија синот Максим.

Scroll to Top