Италијанската мото ГП ѕвезда Валентино Роси (43) синоќа стана татко. Неговата партнерка Франческа Софија Новело (28) сподели на социјалните мрежи дека се породила со ќерката Џулиета во Урбино.
„Јас сум на седмо небо! Добредојдовте Џулиета Роси“, напиша таа.
View this post on Instagram
Новело е поранешен професионален модел на долна облека и беше заштитно лице на модните кампањи во Милано. Таа е во врска со Роси уште од 2018 година, откако тој се раздели со Линда Морсели во 2016 година која сега е во врска со Ф1 возачот Фернандо Алонсо.
Заедно со Роси преку Инстаграм објавија дека го очекуваат своето прво дете , откако поранешниот мотциклист облече лекарска облека за таа пригода. Тој ги објави фотографиите на Твитер и напиша дека Франческа е бремена и дека ќе добијат ќерка.
По најавата дека е бремена, тој ги објави своите планови дека ќе се повлече од трките во Мотор ГП на крајот на ланската сезоната, со што ја заврши својата 25-годишна кариера.