Во Скопје, две години од пандемијата, денес беше малку поживо на улиците. Се чуствуваше оној осмомартовски шмек, иако далеку зад нас се деновите кога на големо се славеше 8 Март.
Екипата на „Репортер“ направи анкета што мислат скопјани, како мажите ќе си поминат со своите дами, па ѝ што им подариле.
Некои од жените се пофалија дека веќе ги добиле подароците други, пак, за вечер чекаат изненадување од партнерите. Некои ни рекоа дека, освен цвеќе, ќе има и вечера и пијачка, а трети не сакаа да го откријат изненадувањето.
Како и да е, општ впчаток е дека мажите не го загубиле духот, па и желбата да подарат за 8 Март.
Љ.Владимиров