Хрватскиот претприемач и иноватор Мате Римац беше на вечера со милијардерот Илон Маск во Њујорк. Тие беа меѓу гостите во ексклузивен ресторан на Менхетен.
„Ова беше забавно… И интензивно“, напиша Римац и објави слики од средбата на „Фејсбук“, но не откри кои се другите гости и кој ја организирал вечерата.
Едни коментираа дека оваа средба ќе му остане во сеќавање на Маск до крајот на животот, а други му честитаа на Римац што се сретнал со еден од најбогатите луѓе на светот.
„Чиј електричен автомобил е побрз, Невера или Тесла“, го прашаа Римац во коментарите.
Сликата за неколку часа собра преку 12 илјади лајкови.