Ване Цветанов ја ангажирал жена му Дунавка Трифуновска во државна институција, вели му треба оти само неа ѝ верува

Претседателот на државната институција Совет за унапредување и надзор на ревизијата, Ване Цветанов, ја ангажирал својата сопруга, поранешната мис на Македонија, Дунавка Трифуновска кај него на работа.

Дунавка која е дипломирана фарамецефт, сега работи кај Цветанов, а тој вели дека таа работи за без пари. Цеветанов вели дека бил опкружен со голем број непријатели и луѓе од интерес, па морал да се потпре на човек на кој му верува.

„Опкружен сум со многу непријатели и луѓе од интерес па морав да се потпрам на некого на кого му верувам целосно во овие специфични лицемерни времиња. Сега за сега има потпишано договор за 30 дена. Станува збор за договор за ангажирање на надворешен советник за специјални цели. Нема да зема пари. Нејзината плата е нула денари. Зар е чудно некој да работи во интерес на државата за нула денари во состојба кога државата се справува со решавање на злосторства во милиони евра од претходната влада? Има некој што мисли и работи во интерес на граѓаните за нула денари“, открива Ване за Репортер.

Тој додаде дека ја земал Дунавка и затоа што институцијата која ја водел не ја добивала соодветната логистичка поддршка од Министерството за финансии и затоа што бил решен да изгради институција според ЕУ стандардите.

„Бев принуден за замолам за помош. Дунавка како голем човек и хуманитарец, го прифати предизвикот да волонтира и да работи за нула денари. Ако сакате да се уверите во тоа, повелете дојдете за да ве зпознаам со успесите на институцијата во кои голем дел има и Дунавка. За тоа колку е компетентна можам да ви кажам како менаџер со искуство. Како експерт со референци, како архитект на веќе изградена една институција, како и систем за спречување на перење пари, оценето со највисоки оценки за прогрес од Совет на Европа“, ни рече Ване Цветанов.

За потсетување, тие се венчаа лани пред Прочка, а се разделија по само пет месеци. Тогаш јавно се навредуваа и препукуваа преку социјалните мрежи, но за кратко време се смирија, па оттогаш постојано се заедно и често објавуваат фотографии од своите патувања. Тие неодамна беа во Бугарија за Денот на вљубените. За Репортер тие првпат ја раскажаа нивната љубовна приказна.

Љ.Владимиров
Scroll to Top