Холи Валанс ќе стане газдарица на Челси откако Абрамович си замина

Австралиската глумица и пејачка Холи Кенди, позната и како Холи Валанс, би можела да стане новата газдарица на лондонскиот клуб Челси откако рускиот тајкун Роман Абрамович беше протеран од Велика Британија.

Нејзиниот партнер Ник Кенди, познат британски милијардер, е еден од малкутемина што би можел да плати 3.000.000.000 фунти, колку што бара Абрамович за клубот. 49-годишниот Кенди е голем фан на Челси, а целата кариера се занимава со недвижности.

Направил многу пари и од својот поткаст на платформата Audiobum. Натпреварите на Челси ги гледаше од свечената ложа заедно со својата сопруга Холи. Холи е по потекло од Србија, а светската слава ја стекна во Австралија. Нејзиното моминско презиме е Вукадиновиќ, пишува „Мондо.рс“

Нејзин татко е Рајко Вукадиновиќ, поранешен манекен и пијанист од Белград. Во Австралија се преселил по венчавката со Рејчел Стивенс, Британка со шпанско потекло.

Холи првин беше позната како глумица откако со години беше дел од култната австралиска серија Neighbours, каде што ја глумеше Фелисити Скали во повеќе од 330 епизоди. Имаше улога и во Prison Break-u и во сериите CSI Miami и CSI New York. Издаде и два музички албума.

Таа набргу би можела да стане новата газдарица на Челси доколку нејзиниот сопруг го убеди Роман Абрамович да му го продаде клубот.

Scroll to Top