Многу е кажано и пишувано за стилот на принцезата Дијана, но иако одамна не е меѓу нас, таа продолжува да нè изненадува и денес. Малкумина знаат дека имала голем број стилски тајни, а некои од нив се сосема необични.
На пример, Дијана користеше специјална техника за ставање дијадеми во косата, имаше колекција на „чанти за деколте“ кои ја штителе нејзината репутација и ретко носеше ракавици
Дијадемите природно се спојуваа со нејзината коса.
Како член на британското кралско семејство, принцезата Дијана мораше често да носи дијадеми, па смисли паметно решение кое им помогна на нејзините дијадеми да изгледаат природно на нејзината глава.
Таа користеше панделки во бои кои одговараат на бојата на нејзината коса и ги обвиткуваше тие панделки околу дното на дијадемата.
Употребуваше хулахопки за да го зачини својот кралски изглед.
Наместо во неутрални бои, Дијана често носеше хулахопки кои одговараат на нејзините модни комбинации, што секако ги правеше да изгледаат уште попривлечно.
На Дијана ѝ се допаѓаа и поризичните дизајни. На пример, понекогаш носеше хухахопки со тенки вертикални црни линии во задниот дел што завршуваа со мали разиграни панделки веднаш над чевлите.
Таа користеше клач чанти за да го покрие своето деколте од папараците.
Ако внимателно ги погледнете фотографиите на принцезата Дијана кога одеше да присуствува на разни настани, ќе забележите дека често ги притискаше чантите врз градите на излегување од автомобилот.
Таа користеше мали чанти за да го покрие своето деколте кога носеше деколтени фустани, па дури тие го добија името „чанти за деколте“.
Речиси никогаш не носеше ракавици.
Принцезата од Велс често ја користеше својата гардероба за да пренесе важни пораки и да влијае на начинот на кој луѓето ја доживуваат.
На пример, таа го прекрши кралскиот протокол со тоа што не носеше ракавици додека се поздравуваше со луѓето. Обожаваше да разменува топлина и енергија со луѓето кога се држеше и се ракуваше со нив, па не носеше ракавици за да оствари со нив подиректен контакт.
Таа беше вистинска трентсетерка кога беше во прашање носењето накит.
Принцезата Дијана беше трентсетерка во многу аспекти, вклучувајќи ја и модата. На пример, на фотографијата погоре се гледа како носи прстен на најмалиот прст долго пред да стане тренд.
Дијана презеде моден ризик кога замина на премиера на филм во кадифен фустан, кој имаше отворен грб и обемни ракави. Но, најсветлиот дел од тој изглед беше долгата низа бисери која се протегаше низ нејзиниот гол грб. Оттогаш, видовме многу познати личности и љубители на модата како го повторуваат овој трик.
Светот почна да лудува по персонализирани ѓердани откако ја видовме Кери Бредшо како носи ѓердан со привезок „Кери“. Но, Дијана го започна овој тренд многу пред Кери, кога носеше приврзок со буквата D. Ова мало парче накит изгледаше весело и разиграно на вратот на принцезата.