Медиумските куќи нудат милиони за откуп на серијата „Слуга на народот“, во која Зеленски го глуми украинскиот претседател.
Во изминатите неколку дена стигнале понуди од 12 мали агенции во Стокхлом за откуп на телевизиската серија во која професорот по историја Зеленски случајно ќе стане украински претседател.
„Имаме многу работа. Луѓето низ светот ни ги бараат правата за прикажување“, рече косопственикот на „Ехо Рајтс“ Никола Содерлунд.
Од почетокот на руската инвазија на Украина, телевизиските куќи како британскиот „Канал 4“, грчкиот ANT1-а и романскиот PRO TV, побрзаа да им се придружат на оние кои веќе ги откупија правата за прикажување на серијата, која за првпат е прикажана во Украина во 2015 година.
„Мислам дека минатата недела постигнавме околу 15 договори, а во преговори сме со уште 20 држави“, рече Содерлунд.
„Последни со кои разговаравме беа со луѓе од Латинска Америка, а разговараме и со луѓе од ‘Нетфликс’“, додаде тој.
Само во Италија за правата се борат четири медиумски куќи, а во Грција серијата веќе се прикажува во ударен термин.
„На некои начин тоа е чин на солидарност со Украина, а во исто време станува збор и за љубопитност. Сакате да дознаете кој е тој“, рече Содерлунд за Зеленски.
Меѓународниот статус на украинскиот претседател порасна од почетокот на руската инвазија поради неговата пркост кон нападите.
Содерлунд рече дека го запознал Зеленски пред 10 години, додека ја развивал телевизиската емисија во која обичните граѓани се обидуваат да ги насмеат комичарите, концепт кој подоцна беше продаден во Виетнам, Кина и Финска.
„Додека ручав со него во Киев ми даде некои смешни идеи. Потребен ни е херој како него“, рече Содерлунд.
Во тоа време било незамисливо популарен комичар, сакан од публиката да стане главна мета на рускиот претседател Владимир Путин и светски челник кој учествува и говори во името на целата нација.
„Ни требаше херој како него и како Трамп“, рече извршниот директор на „Ехо Рајтс“, Фредрик аф Малмборг.
Во трите сезони во серијата, Зеленски глуми професор по историја во средно училиште, кој потоа ќе стане претседател откако еден од учениците потајно ќе го сними во монолог за корупција во Украина, а снимката ќе стане вирална.
Серијата потоа го лансираше Зеленски во претседателската канцеларија и во реалниот живот.
„Тој секогаш говореше дека во САД, глумците веќе долго време стануваат претседатели“, рече Малмборг.
Од компанијата „Ехо рајтс“, велат дека од поодамна немаат контактирано со Зеленски, но дека разговарале со неговите претставници.
Деталите за откупот на серијата се доверливи, но се шпекулира дека чинат околу милион евра. Продукциската куќа во која работат околу 40 луѓе во Стокхлом, Лондон и Истанбул веќе донирала 50.000 евра за украинскиот Црвен крст, а оттаму велат дека планираат да донираат уште повеќе.