Една од учесничките во „Ѕвездите на Гранд“ го обвини Ѓорѓе Давид дека ѝ праќал безобразни пораки и голи фотографии

Една од учесничките во „Ѕвездите на Гранд“ Мирјана Поповиќ, го обвини Ѓорѓе Давид дека ѝ испратил голи фотографии и безобразни пораки, пренесоа српските медиуми. Тој наводно ѝ испраил фотографија на која бил покриен само со пешкир, а потоа и порака.

„Убаво да спиеш, те бакнувам, биди добра, ќе продолжиме да си пишуваме. Прати ми и ти нешто, немој да се нервираш“, наводно ѝ рекол Давид на Мирјана.

Таа рече дека пораките ги добивала на „Инстаграм“, каде разговарале и за натпреварувањето, музиката, а рече дека тој ѝ го дал и неговиот број.

„Го прашав за часови за пеење, а тој ми праќаше фотографии, се снимаше каде се наоѓа и што прави. Иако не бев заинтересирана, тој инсистираше да му праќам мои фотографии. Го одбив. Постојано ми праќаше непристојни понуди, видео снимки и гласовни пораки“, рече Мирјана..

Давид се огласи за овој настан негирајќи ги сите обвинувања. Тој рече дека тоа биле монтирани пораки со цел да му се наштети на неговата репутација. За овој настан се огласи и Саша Поповиќ, кој рече дека во шоуто никогаш не настапувала пејачка со име Мирјана Поповиќ.

Извор/blic

 

Scroll to Top