(Видео) Режисерот на „Црниот пантер“ бил уапсен по грешка, откако една од вработените во банка помислила дека сака да ја ограби

Режисерот од филмот на „Марвел“, „Црниот пантер“, Рајан Куглер, бил уапсен во јануари годинава во Атланта за време на една негова посета во банка.

Една од вработебите во Bank of America, помислила дека е криминалец, откако Рајан сакал да подигне средства од својата сметка. На себе носел зелена маица со капа, црн шешир, темни очила за сонце и бела маска за лице против коронавирус.

Тој ѝ ги предал документите со рачно напишана белешка во позадина, па затоа таа помислила дека тој се обидувал да исценира грабеж.

Во полицискиот извештај е наведено дека вработената го известила својот менаџер откако Куглер ѝ ја дал предупредувачката порака дека сака парите да ги изброи на друго место. Тие веднаш повикале полиција.

„Сакам да подигнам 12.000 долари кеш од мојата сметка. Ве молам избријте ги парите на друго место, затоа што сакам трансакцијата да ја направам дискретно“, напишал Куглер на ливчето кое ѝ го дал на вработената.

Службеникот во полицискиот извештај навел дека инцидентот настанал по грешка и дека Куглер не направил ништо погрешно, напоменувајќи дека веднаш му биле симнати лисиците.

„Длабоко жалиме за овој инцидент. Тоа никогаш не смееше да се случи и ние сакаме да му се извиниме на господин Куглер“, рече претставникот на банката за медиумите.

Извор/b92.net

Scroll to Top