Џаси Смолет e осуден на 5 месеци затвор, Семјуел Л. Џексон барал помилување за глумецот

Глумецот Џаси Смолет е осуден на 150 дена казна затвор, за исценирање на злостор од омраза. Судијата рече дека тој лажел кога рекол дека бил нападнат од маскирани приврзаници од здружението MAGNA (Маке America Great Again).

Смолет на судијата претходно му рекол дека тој напад му го уништил животот, а вистината е дека сакал само внимание и ништо повеќе. Тој е обвинет дека ја лажел полицијата за расистичкиот и хомофобичен напад кој наводно се случил во центарот на Чикаго на 29 јануари.

Во негова одбрана застана глумецот и негов пријател Сејмуел Л. Џексон, кој со неговата сопруга ЛаТања Ричардсон Џексон му напишале писмо на судијата Џејмс Б. Лин ѝ побарале помилување.

Двајцата побарале судот да се смилува и да пронајде алтернативна казна. Тие додале дека Смолет доаѓа од чесно и добро семејство.Писмото судијата го прочитал во четвртокот во Кривичниот суд во Чикаго. Џексон смета дека Смолет веќе доволно пател.

„Често делевме леб со ова момче, додека разговаравме за исправните и погрешни начини на живот. Тој доаѓа од добро семејство на кое сме горди што го познаваме и знаеме дека е подготвено да обезбеди поддршка и дополнителна помош што може да доведе до алтернативно сценарио за условна казна. Тој веќе претрпе голема казна затоа што оваа ситуација му ја уништи кариерата и ја доведе во знак прашање неговата репутација“, напишал Семјуел во писмото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @jussiesmollett

Покрај 150 дена затворска казна, Смолет доби и условна казна од 30 месеци ѝ му е наредено да плати 120.106 долари како надоместок и парична казна од 25.000 долари.

„Ако го направив ова, тоа значи дека удрив во стравовите на црните Американци во оваа земја стари повеќе од 400 години и стравовите на ЛГБТ заедницата. Почитуван суде, јас ве почитувам вас и поротата, но, јас не го направив ова. Не сум ни склон кон самоубиство. Ако нешто ми се случи на местото каде ќе одам сега, да знаете дека тоа не сум си го направил јас“, рече Смолет по изрекувањето на пресудата.

Извор/b92.net

Scroll to Top