Дали мистериозниот дрон кој падна во Загреб е порака за некого? Ист случај настанал во 1987 година во Москва кога еден млад Германец го понижи СССР

Во 1987 година на поранешниот Советски Сојуз му се случил истиот инцидент кој ѝ се случи и на НАТО алијансата со уравањето на беспилотното летало во центарот на Загреб пред неколку дена.

Матијас Руст е германски авијатичар, познат по своето нелегално слетување во близина на Црвениот плоштад во Москва на 28 мај, 1987 година, во време на големите политички потреси во светот.

Што ги поврзува овие два случаи? Тоа што и во првиот и во вториот случај се покажала слабоста на ПВО системите. За потсетување, пред неколку дена беспилотното летало се сруши во вечерните часови во Загреб, оставајќи голем кратер и вознмиреност кај граѓаните.

Владата на Хрватска соопшти дека леталото стигнало од воздушниот простор на Унгарија, со брзина од 700 километри на час и на висина од 1300 метри. Се поставува прашањето како леталото прелетало 3 земји членки на НАТО алијансата и не било заблежано.

Истото ова се случило и во 1987 година, кога младиот Германец со потекло од Западна Германија, слетал на Црвениот плоштад во Москва. Тој, како подоцна раскажал и зборувал во медиумите, имал идеја да го омекне светот, особено Европа и последиците од Студената војна.

За потсетување, Матијас Руст бил пилот аматер, кој полетал од Финска во Москва и неколку пати бил следен од советската противоздушна одбрана и пресретнувачите МИГ-23.

Овој скандал бил со големи размери во светот. Летот на Матијас низ непробојниот систем на советската противоздушна одбрана потоа предизвикал сериозни последици врз советската војска.

За потсетување, неговиот лет довел до оптуштање на повеќе од 300 високи офицери, меѓу кои и тогашниот министер за одбрана на Советскиот Сојуз, Сергеј Соколов, како и началникот на Советската противоздушна одбрана, летачкиот ас од Втората светска војна и главниот маршал на родот авијација, Александар Колдунов.

Што се однесува до слетувањето на леталото во Загреб и тоа предизвикало вознемиреност кај граѓаните, но и кај политичкиот естаблишмент.

„Мораме да ги испитаме сите детали. Не е нормално такво летало да дојде во Хрватска. Овој пат за среќа немаше жртви“, рече премиерот Андреј Пленковиќ.

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ рече дека ова е сериозен инцидент и ги повика граѓаните да останат мирни и дека засега нема никакви знаци дека леталото било упатено против Хрватска.

Официјалните украински власти веднаш изјавија дека доскорешниот инцидент нема никаква врска со минатото. За потсетуавње, ова летало паднало на само 55 метри од студентски дом и за среќа немало повредени.

Што се однесува до летот на Матијас Руст, низ годините кружеа разни теории на заговор. Една од нив била и дека самиот Горбачов му ја доверил оваа задача на Руст.

Извор/Курир.рс

(Видео) Луда теорија: Украинците испратиле летало на Јарун кај Житомир, а завршило на Јарун во Загреб

Scroll to Top