Во 72-та година од животот почина холивудскиот актер и оскаровец Вилијам Херт, кој глумеше во филмовите „Телесни страсти“, „Големото студенило“ и „Вести“, како и ТВ-серијата „Кондор“. Неговиот синот Вил ја потврди веста.
„Нашето семејството жали за смртта на Вилијам Херт, саканиот татко и оскаровец. Тој почина на 13 март 2022 година, една недела пред неговиот 72. роденден. Почина мирно, во кругот на семејството, од природна смрт. Во моментов бараме приватност“, се вели во соопштението на семејството.
Херт беше трипати номиниран за „Оскар“ за најдобра машка улога, а престижната награда ја освои за филмот „Бакнежот на жената-пајак“ од 1985 година. Истата година, ја доби и американската театарска награда „Тони“ Бродвејската претстава „Хурлиберли“.
Глумеше и во стотина други филмски и ТВ-проекти. Но и покрај огромната слава што ја постигна низ годините, тој во едно интервју изјавува дека не му годел холивудскиот начин на живот.
„Не ми е удобно. Не сакам да одам по црвениот тепих во свечен костим и да гледам жени со кренати гради и мажи облечени како пингвини, рече Херт.
Во 2018 година, му беше дијагностициран рак на простатата во неизлечива фаза.