ДНК и Таско неодамна го снимија спотот за песната „Лава“, во кој се појавува поранешната водителка Мелита Ракиќевиќ, во провокативна долна бела облека.
Покрај Мелита, се појавува и актерката Миа Гирауд, која стна позната по филмот „Сестри“, првиот македонски филм на Нетфликс. Во спотот се појавуваат и танчерките Зорица Антиќ и Лоу Зи, но и моделите Ангела Грамосли и Јања Станојевиќ.
Музиката е на Панчо, Лазар Цветкоски и Таско, додека текстот е на Панчо и Таско. Спотот го режираа Страхиња и Лео. „Направивме одлична соработка со Таско. Имаме супер звук и уникатно видео. Типуваме на „Лава“ и веруваме дека ќе предизвика вистинска ерупција кај нашата публика“, велат Панчо и Андреј.