Русите му дозволија на американскиот астронаут да се врати на Земјата

Русите му дозволија на американскиот астронаут Марк Ванде Хеи, кој се наоѓаше во една од руските капсули во вселената, да се врати на Земјата.

Американците се плашеа дека по руската инвазија врз Украина, Русите можеби нема да му дозволат на Хен да се врати. Тој во вселената мина 355 дена, а со него треба да се вратат уште двајца руски космонаути, пренесе „Би-би-си“.

Тие треба да слетаат во Казахстан. Шефот на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитириј Рогозин, предупреди дека санкциите кои западните земји ѝ ги натовари на Русија, може да предизвикаат технички проблем во работењето на Меѓународната вселенска станица.

Сепак од НАСА рекоа дека таа ќе си продолжи со работата како и досега, без никакви проблеми. САД продолжи да ја снабдува станицата со електрична енергија и одржувањето на животот, додека Русија пак ја контролира работата околу погонот.

 

Scroll to Top