Поранешниот фудбалер на Југославија, Предраг Мијатовиќ се потсети на далечната 1992 година, кога на Југославија ѝ забранија да се настапи на Европското првенство. Тој рече дека отишле во Шведска, а дека на крајот ги исфрлиле поради војната која се случи во поранешен СФРЈ.
Ова лето ќе поминат точно 30 години од тоа Европско првенство, кое на крајот го освои репрезентацијата на Данска, предводена од Шмајхел и Поулсен. Данците тогаш влегоа на овој турнир место Југославија и на крајот го освоија.
На Југославија ѝ беше забрането да настапи поради тогашниот режим на Милошевиќ и агресијата и инвазијата која ја направи врз Хрватска, нешто слично како што Русите денеска го прават во Украина.
Еден од фудбалерите на Југославија беше и Мијатовиќ, поранешен играч на Партизан, подоцна и Реал Мадрид. На крајот заврши како спортски диреткор во шпанскиот тим. За Bein Sport тој зборуваше и за санкциите на руските спортисти во време на руската инвазија врз Украина.
„Последните денови многу размислувам за деведесетите години, посебно таа 1999, кога НАТО повеќе од два месеци ги бомбардираше Белград, Подгорица и голем број други градови во Црна Гора. Тоа се комплицирани работи и трауми поради кои човек се прашува дали Балканците се толку лоши што го заслужуваат тоа“, рече Мијатовиќ и додаде дека е против секоја војна.
📺 #SalonVIP
🎙️ Predrag Mijatovic, l’ancien joueur monténégrin et directeur sportif du Real Madrid, livre son sentiment après l’invasion de la Russie en Ukraine. pic.twitter.com/GRUbOc4moq— beIN SPORTS (@beinsports_FR) March 15, 2022
„Јас сум против секоја војна и секаков вид на конфликт, но постојат некои работи кои тогаш не ги разбирав, а не ги разбирам ни сега кога е во прашање војната во Украина. Се прашувам зошто спортистите треба да трпат санкции? Спортот е здрава работа, зашто на некого да му се одземе можноста да се натпреварува? Затоа што политичарите носат лоши одлуки? Зошто спортистите мораат да ја плаќаат цената на борбата на политичарите за моќ?
Таа 1992 година во Хрватска и Босна и Херцеговина изби војна. На почетокот на годината Европската унија ја призна независноста на Хрватска. На 22 мај бевме примени во Обединетите Нации како суверена и независна држава, а осум дена подоцна Обедниетите нации прогласија општи санкции против СР Југославија, кои вклучуваа и исфрлање од сите спортски натпревари.
Југославија тогаш замина во земјата каде се играше Европското, но, се врати без ниту еден настап.
„Поради конфилктот во мојата држава не можевме да настапиме на Европското во 1992 година. Отидовме во Швеска, а тие не исфрлија како да сме ѓубриња.
Хрватска на 23 март 1994 година на „Местаља“ во Валенсија одигра пријателски натпревар против Шпанија, прв под палката на Мирослав Чиро Блажевиќ. Хрватска победи со 2:0 со головите на Просинечки и Шуќер, а натпреварот од трибините го следеше Мијатовиќ, кој во тоа време играше за Валенсија. Многумина му замерија за тоа.
„Со Давор Шуќер, Роберт Просинечки, Ѕвонимир Бобан игравме заедно. Го освоивме Светското првенство за млади во Чиле заедно и сега некои политичари во мојата држава сакаа да не се дружам со нив и ми велат дека сум предавник затоа што ги посетувам. Спортот мора да биде издвоен од ваквите ситуации“, рече Мијатовиќ.