Пејачот Александар Тарабунов ја објави својата најнова песна „Празен град“. Зоран Зонде Стојановски го сними видеото за спотот, а негов е и текстот, додека аранжманот е на самиот Тара.
Пејачот ни рече дека уште на почетокот првите реакции биле одлични и дека особено му се допаднала на Игор Џамбазов.
„Џамбазов ми рече дека песната има светски звук. Верувам дека ќе ѝ се допадне и на пубкликата. Се што гледате во видеото го работев со многу љубов и сигурен сум дека публиката тоа ќе го препознае и ќе го почитува. Јас сум задоволен од реакциите“, ни рече Тарабунов.