Американскиот метеоролог Ребека Шулд ги изненади гледачите на телевизијата „Си-Би-Ес 58 Њуз“ од Милвоки, откако ја презнтираше временската прогноза со своето бебе во рацето.
Таа претходно случајно се нашла пред камерите со својата ќерка Фиона додека се подготвувала да ја прочита прогнозата. Тогашното тримесечно бебе било во кадарот на „Си-Би-Ес 58 Њуз“, па тоа го инспирирало продуцентот на Ребека, Ник, и тоа да биде дел од временската прогноза.
Фиона станала хит на социјалните мрежи, па Ребека секојдневно добивала пораки и мејлови од воодушевените гледачи.
Многу јавни личности одат на работа со своето дете, вклучувајќи ги и политичарките. Пред неколку години, тоа го направи европратеничката од Италија Лисија Ронзули, која се појави со бебе на планерна седница во Европскиот парламент во Стразбург.