(Видео) Украинка сакала да го изнесе сопругот преку граница, па го скрила во багажникот

Украинка сакајќи да го изнесе сопругот преку граница, го сокрила во багажникпт од автомобилот во кутија за играчки. 37 годишниот маж се сокрил во кутијата, а жената со двете деца се обидела да ја помине границата.

Полиција ги сопрела на граничниот премин со Молдавија, Рососани. На полицајците им станало сомнително тоа што автомобилот бил полн со играчки, па по проверката на документите го прегледале и багажникот. Таму го нашле сопругот кој се криел во кутијата.

„Жената се обиде да го прошверцува сопругот преку границата. Граничарите не му дозволија да ја премине затоа што на мажите од 18 до 60 години им е забранет влез“, соопштија од украинската гранична служба.

Против него ќе биде покрената тужба за неовластен премин на државната граница, а обвинение ќе биде покренато и против неговата сопруга, која се обидел на незаконски начин да пренесе човек преку државната граница.

Што се однесува до забраната за напуштање на државата, постојат исклучоци како на пример медицински прични или ако таткото се грижи за три или повеќе деца, во случај сам да се грижи за дете, ако детето е со посебни потреби или ако има посвоено дете.

Во случај со две деца не е можно да се напушти земјата.

Ukrajinka pokušala prokrijumčariti muža u kutiji za igračke
00:00
/
00:47
Scroll to Top