Жените што пијат вино со своите пријателки живеат подолго, тврдат научниците

Научниците на Универзитетот во Окфсорд направија истражување, кое покажа дека луѓето кои се гледаат со пријателите барем два пати неделно, се во подобра психичко-физичко здравје. Покрај тоа, тие имаат поголема веројатност да живеат подолго, ретко страдаат од болести и закрепнуваат побрзо по операцијата, пренесува порталот Лејди.

Научниците велат дека науката докажала дека жените подобро реагираат на стресот кога можат да ги споделат своите проблеми со пријателките. Бидејќи кога добиваат љубов и поддршка, организмот им произведува окситоцин, исто така познат како “хормонот на љубовта”. Истото важи и за мажите, но кај нив е малку поразлично, бидејќи пријателството го изразуваат преку спортот или гледањето натпревари.

Според научниците, клучот во одржувањето пријателство е да се среќавате со своите пријатели барем двапати неделно и да правите работи кои се интересни за секого.

Scroll to Top