Јахтата на руски милијардер е заглавена во Норвешка, никој не сака да му продаде гориво

Јахтата на рускиот милијардер Владимир Стржалковски, „Рагнат“ стои заглавена во норвешко пристаништео, затоа што никој не сака наекипажот да му продаде гориво за неа.

Владимир Стржалковски е поранешен агент на КГБ и се смета за човек на Путин, но и покрај тоа не беше ставен на списокот на лица кои требаа да бидат санкционирани од ЕУ. Неговата јахта долга 68 метри, веќе повеќе од еден месец е заглавена во Нарвик. Таму е од 15 февруари.

Екипажот кој работи на неа вели дека ова што се прави е некореткно и дека тие немаат никаква врска со конфликтот во Украина.

„На јахтата работиме 16 лица и ниту еден не е Русин. Сите доаѓаме од западните земји. Но и покрај тоа локалнтие снабдувачи со гориво, одбиваат да ни продадат нафта“, рече британскиот капетан Роберт Ланкестер.

Генералниот менаџер на компанијата „Холмлунд оил“, Свен Холмлунд, која досега ги снабдувале со нафта рече дека не гледал причина да им помогнат.

„Нека веслаат до дома или нека едрат“, рече Холмлунд.

Scroll to Top