Организаторите на фестивалот „Егзит“ најавија дека оваа година во Нови Сад ќе настапат Иги Азалеја и Афроџек. Најавата доаѓа неколку недели откако ги најавија Келвин Харис, Џејмс Артур и Ник Кејв.
Азалеја ќе настапи на главната бина на фестивалот. Таа е најнаградуваната австралиска раперка и една од најголемите хип-хоп ѕвезди на денешницата, со 70 милиони продадени албуми. Свој диџеј сет ќе има диџејот и продуцент Афроџек, но и најголемиот бразилски суперстар Алок, но и германскиот хитмејкер Ејтиби.
„Егзит“ оваа година ќе се одржи од 7 до 10 јули под мотото „Заедно. Засекогаш!“. Организаторите најавија дека наскоро ќе објават и нови големи имиња од програмата за денс арената.