Чоколадни еклери

Потребни состојки:

Тесто
250 мл вода
125 гр путер
150 гр брашно
1 лажица какао

Крем
1 л млеко
2 пудинзи од чоколадо
2 јајца
12 лажици шеќер
2 лажици брашно

Начин на подготовка:

Најпрво направете го кремот. Одделете малку од млекото и ставете го пудингот, брашното и јајцата, измешајте убаво да нема грутчиња. Другото млеко со шеќерот ставете го да зоврие, потоа ставете го пудингот и сварете густ крем. Тргнете го настрана и во него одма додајте го чоколадото и путерот. Мешајте се додека не се спои. Нека се олади. Ставете ја водата да зоврие. Во неа ставете го и путерот да се стопи. Брашното измешајте го со какаото и нишестето. Тргнете го тенџерето од огнот и наеднаш ставете го брашното. Вратете го на оган, почнете отсечно да мешате, се додека не се направи топка од тесто. Исклучете ја ринглата, но мешајте уште неколку минути, на дното треба да има кора. Нека се подолади тестото неколку минути и почнете со додавање на јајцата едно по едно, а цело време матете со миксер. Рерната загрејте ја на 200 степени. На плех со хартија шприцајте од тестото. Оставете простор измеѓу, нараснуваат во печењето. Првите десет минути печете на 200 па намалете ја температурата на 180 степени и продолжете со печење. Рерната не ја отворајте. Печете отприлика 25 минути. Кога ќе се оладат наполнете ги со крем и одозгора украсете ги со чоколадо.

Scroll to Top