Панчев за Пандев: Со него губевме и од една Андора

Легендарниот Дарко Панчев во интервју за германскиот весник „Франкфуртер Алемајне Цајтунг“, кој го даде пред мечот со Португалија зборуваше за одличните резултати на Македонија во квалификациите за Светско и одличната работа која ја направил селекторот Благоја Милевски.

Панчев рече дека ако се прашува тој, би му дал на милевски нов договор.

„Да сум претседател на Федерацијата, веднаш би му го продолжил договорот на Милевски. Импресиониран сум од неговата работа, концептот и за мене тој е најдобриот македонски селектор“, рече Панчев, а се наврати и на придонесот на поранешниот капитен, Горан Пандев.

 „Неспорно голем е придонесот на Пандев за Македонија. Никој не може да заборави дека тој ни донесе прв пласман на Европско првенство. Не треба да се заборави дека со неговиот гол во плејофот против Грузија отидовме на Европско првенство. Но, не може да се заборави и дека со Пандев, Македонија загуби од една Андора. Сега имаме генерација со Барди, Алиоски, Елмас, Адеми. Тие можат да донесат многу радост на Македонија“, додаде Панчев.

 

Scroll to Top