Холивудскиот глумец Рајан Рејнолдс се израдува на победата на неговиот клуб Врексам над Стокпорт во „ФА Трофеј“. Тој го гледаше полуфиналниот натпревар во живо од трибините.
„Само еден е Рајан Рејнолдс“, му пееше публиката и навивачите на Врексам од трибините, а тој на крајот истрча на теренот и го прегрна стрелецот на двата погодока за неговиот тим Пол Милин.
There’s only one Ryan Reynolds!pic.twitter.com/e0pPoZgKZN
— Richard Ulrich 🏴 (@r77ulr) April 2, 2022
Медиумите пренесоа дека тој го купи клубот, не за да шефува туку дојде само заради страста и љубовта кон фудбалот. Врексам ја сопре низата од 21 натпревар без пораз на Стокпорт, а во финалето од „Фа Трофејот“, ќе игра против Бромли на „Вембли“.
За потсетување, неговиот клуб се натпреварува во петтата по ранг лига во Англија и се наоѓа во истоимениот град кој е со популација од 65.000 жители. Тој и Мекелхени го купија клубот минатата година, а тимот во моментов е во петтата по ранг лига во Англија.