Филмот „Северен пол” на режисерката Марија Апчевска-Петровска на 25 април ќе ја има својата американска премиера, во Музејот на модерна уметност (МОМА) во Њујорк. Филмот ќе биде дел од 51. издание на фестивалот New Directors/New Films, кој се одржува од 20 април до 1 мај.
„Северен пол“ е првиот македонски филм што влезе во официјална конкуренција за Златна палма во Кан. Тој досега учествуваше на повеќе од 40 фестивали и освои неколку награди, како и номинација за Европските филмски награди.
Главните улоги во филмот ги играат Антонија Белазелкоска и Лука Митев.