Северина го објави нов спот каде блеска во мрежеста облека, а заедно со Азис ја пеат „Ми фалиш. Северина глуми пејачка во кабаре, во целиот амбиент има многу сексапил, додека заводливо пее на сцената и танцува со придружните танчари. Додека едни пишуваат дека Азис и Северина се неочекувана, но одлична комбинација, други коментират за совршеното тело на пејачката, поради што песната веќе има повеќе од милион прегледи. Посебно жешки се кадрите во кои Северина шета по темниот ходник во долна облека.